Повеќето корисници на уредите „Aндроид“ уште со нетрпение очекуваат да ја добијат лолипоп-верзијата на оперативниот систем, а веќе на интернет се појавија гласини дека „Гугл“ подготвува нова верзија. Според неименувани извори, а наводно се работи за лица добро упатени во целата ситуација со идната верзија, според кои, новата верзија на оперативниот систем „андроид“, треба да донесе повеќе подобрувања, како и нова палета на бои во интерфејсот „материјал дезајн“.
Засега се зборува дека новата верзија ќе биде многу постабилна, подобро ќе располага со меморијата, а истовремено ќе нуди и подобра автономија на батеријата. Се споменува и поправање на одредени грешки кои создаваат проблеми кај одредени уреди, како, на пример, ненадејно затворање на апликациите, поправка на проблемите поврзани со функцијата „ок гугл“, безжично поврзување, звук и известувања.
Со новата верзија на „андроид“ би требало да се врати и „тивкиот“ режим, кој изостана од сегашната верзија „лилипоп“.