Меркел: Ако се почитува територијалната целина на Украина, ЕУ може да ги укине санкциите спрема Русија

Од:

Ако биде запазена територијалната целина на Украина, ЕУ може да ги укине санкциите против Русија, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по средбата на врвот на Европската унија.

Според неа, санкциите биле воведени како одговор на акциите на Русија и може да бидат укинати ако причината за воведувањето биде отстранета.

– ЕУ се подготвени да размислат за соработка со Евроазискиот економски сојуз ако бидат исполнети договорите од Минск за стабилизирање на ситуацијата во Украина, дополни Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на прес конференција во Брисел дека има намера воследните денови да ги продолжи преговорите за прекин на конфликтот во Источна Украина со колегите Владимир Путин и со Петро Порошенко.

Оланд изјави дека досега нема напредок за да биде извршено доставување на носачите на хеликоптери Мистрал.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион