Кинеската компанија Хуавеи го претстави моделот Хонор 6 Плус, што на задната страна има две камери.
Хонор 6 Плус има двем камери од 8 мегапиксели на задната страна кои правата фотографии со пиксели од 1.98 микрони, со што стана ривал на ХТЦ Уан М8 и неговата технологија на Дуо Камера. Фотографиите може да бида и рачно рефокусирани откако ќе бидат направени.
Хонор 6 Плус има 5,5 инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, Кирин 925 октакор процесор со копроцесор и 3 гигабајти РАМ меморија. Интерната меморија изнесува 32 гигабајти, а има и можност за микро СД картичка. Уредот доаѓа со батерија со 3.600 мили Ампер часа, а поддржува и Кат6 и ЛТЕ мрежа.
Моделот со меморија од 16 ГБ ќе чини 253 евра, додека верзијата со 32 ГБ и поддршка на 4Г ќе чини 316 евра.