Алармантни бројки на самоубиства во Косово

Од:

Педесеттина Косовци ставиле крај на својот живот во изминатите единаесет месеци од годинава. Но, освен самоубиствата, според косовската полиција, голем е бројот и на спречени обиди за самоубиство.

– Од јануари до крајот на ноември годинава во Косово регистрирани се 48 самоубиства, зголемен број на спречени обиди за самоубиства, но и поттикнување и помош да се изврши овој чин, потврдуваат од полицијата, од каде додаваат дека поттикнување на ваквов чин е кривично дело и во тој правец преземени се сите законски мерки.

Според полицијата старосната граница на лицата кои посегнале по сопствениот живот е од 18-40 години, а факторите кои ги принудиле на тоа се различни.

Психолозите велат дека освен тешката економска состојба врз оваа појава влијаат и други фактори. Психологот Наим Телаку тврди дека 80 отсто од самоубиствата ги извршиле лица со психички здравствени прболеми.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски