Пораст на продажбата на паметни телефони за 20 отсто

Од:

Светската продажба на паметни телефони во третото тримесечје на 2014 година пораснала за 20 проценти во споредба со истиот период минатата година и достигна 301 милиони уреди, покажаа податоците на истражувачката компанија „Гартнер“.

Лидер во продажбата на паметните телефони е јужнокорескиот „Самсунг“, со пазарен удел од 24,4 отсто, иако продажбата му е опадната за 8,89 отсто, односно на 73,2 милиони уреди.

Уделот на американската компанија „Епл“ изнесува 12,7 отсто, со зголемена продажба за 25,9 проценти, на 38,1 милиони продадени паметни телефони.

Пораст на продажбата забележале и кинеските произведувачи. „Хувеи“ продал 15,9 милиони паметни телефони, 36,6 отсто повеќе во третиот квартал во 2013 година.

„Ксиами“ ја зголеми продажбата за дури 336 отсто, на 15,77 милиони уреди, со што собра 5,2 проценти од пазарот.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ