ВИДЕО: Македонија е во групата на безнадежни држави за непосредна демократија

Од:

Во Македонија не постојат услови за непосредна демократија заради тоа што законите се така направени што е многу тешко или речиси невозможно покренување на иницијатива за референдум, институциите се така устроени што всушност ја спречуваат иницијативата на граѓаните – ова се дел од заклучоците на денешната дебата „Постојат ли услови за непосредна демократија?“ во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Според Нада Наумовска и доколку се надминат препреките во самиот процес на референдумско изјаснување како што се кратките законски рокови за собирање потписи, ограниченоста на местата каде што можат да се собираат потписи и недоволните информации, следуваат нови препреки откако ќе се донесе одлуката за распишување референдум

– Кој ќе го финансира референдумот, каква и колкава ќе биде медиумската покриеност, како ќе се обезбедат непристрасни информации, како се одредени правните лекови за овластениот предлагач на некоја иницијатива, се дел од проблемите откако ќе се донесе одлука за распишување на референдум, рече Наумовска.

Професорката Рената Десковска рече дека условите за референдумот во Македонија се многу строги и дека, споредено со други држави, се бара премногу висок цензус, а во Македонија евидентна е кризата која настанала со пртставничкиот апсолутизам. Таа посочи дека Македонија е во групата на безнадежни земји во однос на непосредната демократија

– Овие услови го прават безнадежен обидот да се издејствуваат резултати. 150 000 е многу и е спротивно со одредбите на Венецијанската комисија и го прават безнадежен обидот на граѓаните да издејствуваат решение, рече Десковска

Таа додаде дека сегашниот закон е кошмарен и создава лавиринт кој ги обесхрабрува граѓаните и потребни се сериозни корекции на правната рамка со јасни процедури и конкретни правни лекови.

Според професорката Најчевска во моменталната ситуација во Македонија треба да се говори за минималните услови за непосредна демократија

– Нема основни елементарни услови за делување на граѓаните, треба да стане збор за тоа. Мислам дека во моментот референдумите само ѝ даваат легитимитет на власта, рече Најчевска.

Доесега во Македонија имало неколку обиди за непосредно учество на граѓаните при носење закони или измени на закони и тие најчесто биле неуспешни, а државата поставува препреки на патот кон организирање референдумски и други видови граѓански иницијативи

– Во првите 10 члена на Уставот граѓанинот е носител на суверенитетот, а не партиите. Партиите го киднапираат суверенитетот на граѓаните. Не живееме во демократија, туку во партократија. Мора политиката да ја вратиме кај граѓаните. Тие велат, политиката не е за граѓаните. А што правиме ние на секои 4 години? Значи, за избори може политика за граѓаните, а ако се бавиме со неа во меѓувреме, тогаш веднаш етикета? Извинете, граѓаните се носители на суверенитетот, не партиите – рече Петрит Сарачини, еден од основачите на иницијативата „Аман“.

Ивана Драгшиќ од „Плоштад Слобода“, објасни како во 2009 година, пропаднал обидот да се организира локален референдум, но, институциите со нив си играле пинг-понг.

– Кога во 2009 година беше најавена изградба на црква на плоштадот, ние како „Плоштад Слобода“ се обидувавме на разни начини да реагираме, но нашите зборови не допираа никаде. Решивме да се обидеме да организираме локален референдум. Авторите што го пишувале законот за референдум или имале намера да спречат граѓаните да се организираат, или го пишувале спротивно на физичката и математичката динамика на граѓаните. Собравме повеќе од 1.000 потписи во тетратка, ги однесовме во Општина Центар и ни рекоа дека тие не биле собрани на формулар од институција. Ни објаснија дека треба да собереме 100 потписи за да почнеме да покренуваме граѓанска иницијатива за референдум. Се бараше да собереме потписи од 20 проценти од гласачите во Центар. Се најдовме во лавиринт и со нас институциите си играа пинг-понг, рече Драгшиќ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Демократијата во светот е во опасност, САД и Унгарија имаа големи проблеми предупредува шведски институт

Катерина Ѓуровски

Македонија 78-ма на листата на „Економист“ за глобалниот индекс на демократија

Ана Ололовска

Пандемијата ѝ наштетила на демократијата во 60 отсто од земјите во светот

Жарко Настоски

Фридом хаус: Намалување на нивото на демократија во Бугарија

А1он

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

„Економист“: Македонија на 77 место од 167 држави, во категоријата „хибридни режими“

А1он