Дали Колумбо навистина го донел сифилисот во Европа?

Од:

Хрватски научници на еден скелет од античко време пронашле знаци на сифилис. Нивното истражување е објавено во списението „Џурнал оф Сексуал Медисин“ и тоа би значело дека сифилисот постоел во Европа многу порано од пред времето на големите истражувачи.

Ова истражување спроведено во Хрватска покрена расправа во научните кругови за тоа дали Кристофер Колумбо навистина го донел сифилисот во Европа.

Двајца странски експерти не веруваат во тоа. Тие и натаму тврдат дека најверојатно екипажот на Колумбо бил одговорен за ширењето на фаталната сексуално пренослива болест во Европа, пренесе порталот „ХелтДеј“.

– Наспроти бројните напори да се докаже спротивното, нема докази оти сифилисот постоел во Стариот век пред 1492 година, вели Брус Ротшилд, професор по медицина на Универзитетот во Канзас, специјалист за потекло на сексуално преносливи болесит.

Меѓутоа, директорката на хрватското истражување Ивана Антериќ од универзитетскиот оддел за форензички науки на Универзитетот во Сплит тврди дека теоријата не е докажана.

– Потеклото на сифилисот предизвика големи дебати во научниот свет, а во нив кружат три теории. Најчеста е таа дека сифилисот од Новиот свет се пренел во Европа со екипажот на Колумбо. Втората вели дека сифилисот бил во Европа пред Колумбо, но тоа тешко може да се докаже бидејќи личел на другите болести, вели Антериќ. – Од времето на Колумбо болеста само станувала се поприсутна. Според третата теорија, болеста постоела и во Стариот и во Новиот свет, но со поинакви симптоми, додава Антериќ.

Која и да е точна од овие теории, болеста предизвикала разорни последици во Европа, бидејќи брзо се проширила по враќањето на Колумбо, факт кој придонел за тврдењето дека морнарите ја донеле од Америка.

– Во почетокот на 16-от век една третина од населението биле болни од сифилис, вели Антериќ. – Сифилисот бил една од првите глобални болести па е многу важно да се знае од каде дошла и како се проширила оваа болест. Разбирањето на потеклото може да помогне во борбата против болеста денес, смета хрватската научничка.

Таа со своите соработници во Хрватска истражила 403 скелети, од предисторијата, антиката и средниот век, па се до модерното време. Еден скелет носи знаци на сифилис. Тој му припаѓа на млад маж од 20 години, кој живеел меѓу вториот и шестиот век.

Предавачот на факултетот „Кралица Мери“ во Лондон, Роб Канел, кој исто така се бави со еволуција на сексуално преносливите болести, е скептичен како и неговиот американски колега Ротшилд.

– Една дијагноза од претколумбовскиот скелет не ни кажува многу за историјата на сифилисот, посебно во свело на молекуларните докази кои сугерираат дека сифилисот има свои зачетоци во Северна Америка, нагласува британскито научник.

Нови Лист – Риека

 

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ