„Мајкрософт“ подготвува евтини виндоус телефони

Од:

„Мајкрософт“ неодамна го отфрли брендот „Нокиа“ и го замени со брендот „Мајкрософт лумиа“, но тоа не значи дека не значи дека политиката на објавување уреди исто така ќе биде сменета.

Неодамна се појавија информации дека „Мајкрософт“ подготвува неколку нови модели кои би требало да бидат објавени во следните неколку месеци. Денешните информации говорат дека два „лумиа“ телефона добиле сертификат, а се очекува да се појават на пазарот и да бодат ценовно достапни модели. Едниот од нив го носи кодното име РМ-1069, а се очекува да има четири инчен екран со резолуција од 480×800 пиксели.

Ова е само уште една потврда дека „Мајкрософт“ има планови да се фокусира на пристапни модели и така да го зголеми својот удел на пазарот, што е и логично имајќи предвид дека моделот „Nokia Lumia 520“ беше најпродаван виндоус телефон.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ