Англискиот шампион Манчестер Јунајтед ја совлада Рома со 2:0 во директниот дуел од групата Е за пласман меѓу 16. најдобри еккипи во фудбалската Лига на шампиони.
Со оваа победа „граѓаните“ го освоија второто место, додека Рома како трето пласирана продолжува во второто по квалитет клупско европско натпреварување Лига Европа.
Групната фаза со триумф во последното коло успеа да ја помине и Шалке по победата во Марибор и поразот на Спортинг во Лондон.
Резултати од 6.коло во ЛШ и конечен изглед на табелитево групите Е, Ф, Г и Х.
Група Е: Рома – Манчестер Сити 0:2 и Баерн Минхен – ЦСКА Москва 3:0.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Манчестер Сити 8, Рома 5, ЦСКА Москва 5.
Група Ф: Барселона – ПСЖ 3:1 и Ајакс – АПОЕЛ 4:0.
Табела: Барселона 15 бодови, ПСЖ 13, Ајакс 5, Апоел 1.
Група Г: Челзи – Спортинг 3:1 и Марибор – Шалке 0:1.
Табела: Челзи 14 бодови, Шалке 8, Спортинг 7, Марибор 3.
Група Х: Порто – Шахтјор 1:1 и Атлетик Билбао – Бате Борисов 2:0.
Табела: Порто 14 бодови, Шахтјор 9, Атлетик Билбао 7, Бате Борисов 3.
Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето, третите ќе продолжат во Лига Европа, а за последно пласираните сезонава завршија настапите во евро-куповите.