Конференција „Младински политики и учество на младите во процеси на креирање на политиките“

Од:

Националниот младински совет на Македонија (НМС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денеска организира младинска конференција на тема „Младински политики и учество на младите во процеси на креирање на политиките“.

На тркалезната маса во рамки на конференцијата ќе се расправа на тема „Што се младински политики и што треба а регулираме“, а ќе говорат: Марјан Спасески – директор на Агенцијата за млади и спорт, Jоана Косма – Мисија на ОБСЕ во Скопје, Мбареса Истрефи Шаќири-Секретаријат за европски прашања при Владата на Република Македонија, проф. Д-р Тања Каракамишева, Ивана Давидовска – претседател на Национален младински совет, Елизабета Марковска Спасеноска – истражувач во полето на младински политики.

На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат презентирани наодите од истражувањето спроведено од НМС за тековните младински политики и ставовите на младинските организации. Преку оваа конференција НМС цели да поттикне вклучување и консултација на младинските организации во формирање на документ со заклучоци и препораки за младински политики како и да поттикне вмрежување и соработка помеѓу младинските организации и институциите кои работат во младинскиот сектор.

На конференцијата претставниците на младинските организации и институциите ќе учествуваат на работилници за градење заклучоци за дефинирање на најважните фактори и чинители за младинските политики и дефинирање на визијата за идеални младински политики.

Конференцијата е дел од проектот „Евалуација на младинските политики – кон создавање на инклузивни и аргументирани младински политики” кој има за цел да развие документ со препораки за младинските политикиПред издавање на финалниот документ е предвидена оваа национална младинска конференција, која е можност за директен придонес во создавање на крајните препораки и заклучоци.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска