Кадри Весели избран за претседател на косовскиот Парламент

Од:

По точно шест месеци од вонредните парламентарни избори денеска беше конституиран косовскиот Парламент.

Со 71 глас „за“ претседател на законодавниот дом е Кадри Весели од редовите на Демократската партија на Хашим Тачи. Избрани се и четворица потпретседатели, меѓу нив и еден од припадниците на малцинствата.

За Весели гласаа пратениците на Демократската партија,Демократскиот сојуз(против беа петмина од нив),како пратениците од малциснтвата, додека на чинот на гласањето салата ја напуштија опозициските пратеници.

Веднаш потоа претседателката Арифете Јахјага на лидерот на ДС, Иса Мустафа му го врачи мандатот да формира нова влада.

Доцна попладне почна седницата на парламентот на која треба да се изгласа владината програма и кабинет, во кој досегашннот премиер Хашим Тачи ќе биде прв потпретседател на владата и шеф на дипломатијата.

Како што јавуваат косовските медиуми, незадоволни од преговорите и предложените министерски позиции во новата влада, Српската листа на Косово ги прекинала преговорите со колициооните партии ДСК и ДПК и нејзините десет пратеници не учествуваат на седницата за избор на новата влада.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски