Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Од:

По повод празникот Свети Климент Охридски денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде врачена истоимената државна награда за 2014 година.

Годинава наградата ќе ја добијат историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Витомир Митевски.

Наградата „Св. Климент Охридски“ се доделува за  долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

По повод празникот, делегација на Владата, во чиј состав се министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа Милевска и Миле Јанакиески и заменик министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски, ќе положат венец на споменикот на Свети Климент Охридски пред Соборниот храм.

Би можело да ве интересира

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Награден фотографски натпревар кој ја опфаќа науката од Македонија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Доделени наградите „Бранко Ѓорчев“

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски