Иако ќе биде претежно облачно, сепак дожд ќе има во мал дел од земјава и тоа пред се во северозападниот крај, како и во планинскиот регион од источниот крај.
Во дел од котлините наутро е можна сосема слаба магла. Во јужната половина од земјата ќе има поголема веројатност за повремени сончеви периоди.
Нема да има поголеми температурни варијации во однос на сабота.
Минималната температура ќе има вредност околу 8° низ котлините, а на повисоките места околу 5°С.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 12°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С.
Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.