Кина побара помош од САД за пронаоѓање на над 100 „економски бегалци“

Од:

Кина побара од САД помош за апсење на над 100 лица, кои се осомничени за корупција, а според Пекинг се наоѓаат на америкнска територија, изјави денеска американски функционер.

Тој истакна дека осомничените имаат кинески имиња, но не е познато дали сите се кинески државјани. Според него, повеќето од луѓето на списокот се поврзани со случаи за корупција и економски злоупотреби.

Американскиот официјален претставник нагласи дека во повеќето случаи кинеските власти не доставиле доволно докази или информации за осомничените.

Кина планира да ја прошири истрагата за корумпираните службеници и бизнисмени надвор од земјата, но нема договор за екстрадиција со САД, кои според Пекинг се едно од најпривлечните места за т.н. економски бегалци.

Западни држави одбиваат да склучат договори за екстрадиција со Кина, бидејќи според невладини организации кинеските власти употребуваат прекумерна сила и често изрекуваат смртни казни за корупциски случаи.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он