Македонците од Голо Брдо бараат настава на македонски во Требиште

Од:

Македонците од Голо Брдо, преку друштвото „Илинден“ и разгранокот на оваа асоцијација за областа, доставија барање  до албанската министерка за образование Линдита Никола да се овозможи настава на македонскиот јазик во деветолетката „Десет покојници“ во селото Требиште.

Во барањето поткрепено со петиција потпишана од околу двеста родители, се наведува дека на децата мајчин јазик им е македонскиот и оти се до поаѓање на училиште тие го знаат само македонскиот, а албанскиот почнуваат да го учат на училиште.

– Македонското малцинство во Голо Брдо било признато од албанската држава до 1949 година, што го потврдуваме со издадени документи од тој период во кои е запишана и нивната националност – Македонци. Наведуваме исто така дека до тогаш имало и училиште со целосна настава на македонски, – вели Или Халилај претседател на разгранокот на друштвото за Голо Брдо.

Имајќи го во предвид досегашното искуство и од овој нивен чекор тој не се надева многу. Потсетува дека на сите барања до сега не добиле позитивен одговор, па дури албанската влада не го реализирала и ветувањето дека македонскиот јазик од минатата учебна година ќе се изучува како наставен предмет од седмо одделение.

Би можело да ве интересира

Рама им се обрати на „Фламингосите“ со јасна порака

Горан Наумовски

ВИДЕО: Најмасовен протест во Тирана, демонстрантите однесоа бетонска торта за Рама

Катерина Ѓуровски

Македонците во Албанија бараат изборни квоти за малцинствата

ВИДЕО: Општ хаос во Албанија, оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на југот на Албанија: Лутите граѓани уништуваат сè пред себе поради мегапроектот на американските милијардери

Предраг Петровиќ