Преку законски измени Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство, во делот на постапување со службено оружје од страна на службени лица, информира денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според него, на вчерашната седница Владата донела заклучоци со кои на ниво на закони ќе бидат предвидени конкретни одредби што ќе треба да бидат следени од сите институции и раковидниот кадар во нив. Министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за земјоделство и за правда се задолжени во рок не подолг од 20 дена до Владата да достават измени во поголем број соодветни материјални закони, кои го уредуваат нивното работење.
– Ќе бидат предвидени јасни и експлицитни начин и обврски на постапување во рамките на материјалните закони за постапување во случај на превенција од насилство, кое би можело да биде извршено од страна на службени лица, кои во рамки на своите работни задачи постапуваат, односно ракуваат со службено оружје, рече Ѓорѓиев.
Појасни дека задолжените министерства треба разработат посебни детали и апсекти во зависност на спецификите на поедина служба, но генерално треба да опфаќаат поенти врз основа на заклучоците што ги донела Владата, кои го претставуваат и системот што треба да биде пресликан во сите овие инситутции.
– Во поглед на постапката за рано известување и предупредување, Владата ги задолжи министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика и за правда да направат измени во своите соодветни закони, со кои ќе утврдат задолжителна обврска на нивните вработени во рок не подолг од 24 часа да ги известат институциите каде нивен вработен што има допир или ракува со службено оружје, за евидентиран случај на прекршок или на кривично дело каде што постои елемент на насилство од страна на вработено лице во тие институции, истакна Ѓорѓиев.
Владата, појасни тој, ги задолжи министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за правда во рок не подолг од 20 дена да направат соодветни измени во нивните материјалните закони во кои се уредува делот на постапување и ракување со оружјето. Да предидат задолжителни ситуации во кои доколку нивен припадник, кој во рамки на своите работни задачи има допир со оружје биде осомничен за определено прекршочно или кривично дело со елемент на насилство да мора задолжително времено да му се одземе оружјето.
– Веднаш по ваквото известување и временото одземање на оружјето треба да се направи задолжителен вондреден лекарски преглед од стручни лица, доктори, психолози, психијатри, кои треба да дадат проценка на моменталната состојба на лицето, кое е осомничено дека извршило или било учесник во определен прекршок или кривично дело кое вклучува елемент на насилство, рече Ѓорѓиев.
Институциите чии вработени поседуваат службено оружје имаат обврска да направат законски измени на нивните материјални закони и да предвидат ситуација кога нивни припадник осомничен дека бил учесник или сторител на прекршочно или кривично дело со елемент на насилство да може да биде поркената дисциплинска одговорност или да биде суспендирано од работа.
Министерствата за одбрана и за вантрешни работи во соработка со Министертсвото за информатичко општество и администрација треба да направат измени на законите во кои ќе предвидат можност за лице вработено кај нив што има допир со оружје, доколку постои сомнение за сторено кривично дело со елемент на насилство и стручните лица утврдат ситуација дека треба да биде прераспределено во друга институција каде што нема да има допир со оружје и природата и околностите и извршуавњето на работните задачи нема да стимулираат определено однесување кое би водело правење прекршок со елемент на насилство.