ОН побара од Израел да се откаже од нуклеарното оружје

Од:

Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција, со која Израел се повикува да се откаже од нуклеарното оружје и своите објекти да ги стави под меѓународна контрола.

За резолуцијата, која беше предложена од Египет и поддржана од други арапски земји, гласале 161 земја, пет биле против, а 18 воздржани.

Во текстот на документот се наведува дека Израел е единствена земја на Блискиот исток која не го потпишала Договорот за неширење нуклеарно оружје и затоа се повикува „без одложување“ да се придружи кон тој меѓународен договор и да ги стави своите нуклеарни објекти под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Се претпоставува дека Израел поседува нуклеарно оружје, но Тел Авив ги отфрла ваквите тврдења.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас