Сплавовите во Вардар почнаа да се градат

Од:

Mеханизација почна да работи на коритото на Вардар спроти Стариот театар. Според надлежните од Град Скопје фирмата „Фаланга“ добила одобрение за градба.

„Бродовите нема да биде во стилот на сплавовите во Белград, од каде ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со стоги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место за каде можете да се дотерате. Ако отидете така облечен ви се чудат. Ќе биде налик рестораните во Парис и ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде поопуштена атмосфера, за дневна шема“, рече за Вест, Давор Андреевски, сопственикот на фирмата „Фаланга“, пред три месеци.

Првиот сплав ќе никне спроти Стариот театар а вториот ќе се наоѓа хотелот „Холидеј Ин“. Градот за првиот сплав ќе плаќа месечна кирија од 76.700 денари а за вториот е 64.900 денари.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски