Терористи во Тунис обезглавија полицаец

Од:

Терористи во Тунис киднапираа еден полицаец, кој не бил на должност и го обезглавија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според локалните медиуми возилото на полицаецот било запрено од вооружени лица во областа Кеф, северозападен Тунис. Во возилото бил и братот на полицаецот. Првичната цел на вооружените лица била да ги ограбат, но откако откриле дека едниот е полицаец, го киднапирале и подоцна го убиле. Во нападот братот на полицаецот не е повреден.

Во меѓувреме Министерството за одбрана соопшти дека еден војник загинал при експлозија на мина во јужниот дел на Тунис.

Од револуцијата во 2011 година во Тунис во пораст е исламскиот екстремизам. Во изминатите две година туниската војска е во потрага по џихадисти во пограничните области, каде се чести заседите за полицајците и војниците. Во пограничните области се шверцува нафта, храна и оружје.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен