Жените кои подоцна раѓаат живеаат подолго

Од:

Жените кои своето најмладо дете го родиле по 33-та години имаат двојно поголеми шанси да доживеат 95 години, во споредба со оние кои најмладото дете го родиле до 29 години, сметаат експертите.

Медицинскиот факултет во Бостон спроведе студија, чии резултати им носат добри вести на жените кои планираат бременост по 30-та година од животот. Всушност жените кои можат по природен пат да останат бремени по 33-та година имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост.

– Ова не значи дека жените треба да раѓаат во повозрасните години со цел да си го продолжат животниот век. Станува збор за тоа дека можноста за забременување во подоцнежната возраст сугерира на тоа дека репродуктивниот систем кај жената старее полека, што може да се поврзе и со другите делови од нејзиното тело, изјави Томас Перис, професор по медицина и коавтор на студијата за списанието „Менопауза“.

Тој напомена дека билошките часовниците кај некои жени едноставно работат бавно.

Делумно влијание имаат и генетските предиспозиции, кои можат да го забават стареењето и да го намалат ризикот за болести, кои најчесто ги погодуваат старите луѓе.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска