Градежниците од регионот ја засилуваат соработката

Од:

Градежниците од земјите на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и Македонија, покренаа иницијатива за меѓусебно поврзување, формирање конзорциуми и заедничко учество на тендери. Сметаат дека тоа ќе им помогне во надминување на актуелните проблеми – искористеност на капацитетите до 60 проценти, одлив на кадри, тешкотии во добивањето банкaрски гаранции, неадекватна политичка и дипломатска поддршка.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, компаниите размислуваат и за враќање на пазарите каде што порано беа присутни, Блискиот Исток, Ирак, Либија, Алжир, Египет, поранешниот Советски сојуз. Очекуваат ситуацијата таму сигурно да се подобри.

– Гадежниците интензивно се подготвуваат за пазарите каде што порано настапуваа, некои се и етаблирани, препознатливи на тамошните простори, но без соодветна поддршка од државата и дипломатијата ќе треба да се помачат, истакна Марија Петроска од Стопанската комора.

Градежните компании од Балканот би влегле на источните пазари, пред се, за нискоградба, со инфраструктурни проекти како патишта, мостови, железници, брани, зашто во нив гледаат можност за влез на странски капитал.

Според Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Комората, успешноста на фирмите ќе зависи од нивните референци – капацитетот со кој располагаат, бројот на вработени, опремата, бидејќи, и да добијат поддршка од државата, ако не се подготвени, нема да успеат.

На досега реализираните средби меѓу градежните компании од регионот, од македонска страна било посочено дека градежништвото во земјава речиси не ја почувствува кризата зашто Владата имаше вложувања, и за разлика од другите земји, бележи континуиран раст. Исто така, нема намалувања на вработените како што е случајот со Хрватска и Србија.

– Македонското градежништво е двигател на економијата, бележи континуиран раст и според податоците од 2013 година, учествува со над седум проценти во бруто домашниот производ. Капацитетите се максимално ангажирани. Сепак, тоа не е доволно, потребно е проширување на пазарите особено ако се земе предвид дека секој проект има почеток и крај, напомена Петроска.

Последните податоци покажуваат дека во Македонија бројот на градежни работници е 40.000, во Србија 60.000, а во Хрватска 50.000 или повеќе од половина помалку од пред пет-шест години кога биле евидентирани 115.000.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он