Ставриќ: Од преговорите со лекарите да се иземе синдикатот „Мајка Тереза“

Од:

Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, др. Дејан Ставриќ пред стартот на денешните преговори со Министерот за здравство Никола Тодоров, рече дека едно од првите барања кои денеска ќе ги стават на преговарачката маса е да се иземе од преговорите Синдикатот„ Маја тереза“.

Според Ставриќ, овој не е легитимен синдикат и со тоа нема никакво право во истовреме да преговара за барањата на лекарите со Самостојниот синдикат и Министерот на иста маса. Ставриќ алудриајќи на новоформираниот синдикат рече „ Не знам кој се тие, Мајка Тереза или баба Зумбула, но ќе барам да се исклучат од преговорите“.

Не кажа колку време му дава на Министерот да ги усогласат ставовите, но потврди дека за време на преговорите лекарите протестите ќе ги стават во мирување. Преговорите на преставниците на “белите мантили“ и Министерот започнаа во 13 часот.

Тие се очекува да му го пренесат своето незадоволство од новиот систем за плаќање по учинок, кој што предвидува наградување и казнување на лекарите, во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите, интервенциите и операциите или прегледите.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа