Кси: Кина ќе ги штити своите територијални интереси

Од:

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина ќе ги штити своите територијални интереси, јавуваат кинеските медиуми, додека земјата се соочува со поморски спорови со неколку соседи.

– Треба одлучно да го зачуваме територијалниот суверенитет на Кина, поморските права и интереси и националното единство, изјави Кси на состанок на Комунистичката партија посветен на надворешнополитички прашања.

Односите меѓу Кина и Јапонија се тензични изминатите две години откако Токио го национализира островот Сенкако, со кој веќе управуваше во Источното Кинеско Море.

Пекинг, исто така, претендира на право на овој синџир острови што го нарекува Даоју.

Кина и државите од југоисточна Азија, вклучително Виетнам, Малезија, Филипини и Брунеи, се натпреваруваат за правата над островот Спартли во Јужното Кинеско Море.

Тајван, што Кина го смета за суверен дел од својата територија, исто така, полага права за овој остров.

Односите меѓу Кина и Јапонија се подобрија по средбата на Кси и јапонскиот премиер Шинзо Абе на 10 ноември, но бродови на кинеската крајбрежна стража продолжуваат со патроли околу спорните острови.

Кси со смирен тон на состанокот изјави дека Кина сака мирен развој на настаните, како и дека е против свесна употреба или закана на сила.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он