Антонов: САД одговорни за две третини од судирите во светот

Од:

Мешањето на САД во внатрешните работи на државите ширум светот не донесе ниту мир, ниту демократија, изјави синоќа заменик-рускиот министер за одбрана Анатолиј Антонов.

Тој во обраќањето пред колегите на самитот на земјите од јужна и југоисточна Азија во градот Коломбо во Шри Ланка рече дека американскиот експеримент на примена на двојни стандарди, кој се гледа и во поддршка на терористи, предизвикува натамошна дестабилизација во светот.

– Размислете малку, во текот на последните неколку децении САД иницираа две третини од сите воени конфликти во светот. Присетете се како сето тоа се заврши во Југославија, Ирак, Авганистан и Сирија, истакна Антонов.

– Искористувањето на социјалните и економски потешкотии, различните етнички и верски судири и под изговор на ширење демократија, западните политички „спин“ доктори изнесуваа популистички слогани за да поттикнат незадоволство на јавноста, што резултираше со масовни судири, рече рускиот заменик-министер.

– Како последица на тоа, се соборуваат влади, се шири хаос, злоупотреба на моќ и беззаконие, луѓето умираат, а во некои случаи на власт на доаѓаат режими кои му одговараат на Западот. Секако, терористите се чувствуваат добро при такви услови, рече Антонов.

Тој ги повика американските власти да се „откажат од двојните стандарди во примена на антитерористички мерки“ и да престанат да ги делат терористите на добри и лоши.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски