Шпанскиот првак Атлетико Мадрид обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на шампионите по победата над Олимпијакос, додека Јувентус е на чекор од поминување на групната фаза (А група) по освојување на трите бода во Шведска.
Премиерлигашот Ливерпул одигра нерешено во Софија со Лудогорец и ќе брка победа против директниот конкурент во последното коло од Б групата каде максимални пет победи досега забележа европскиот првак Реал.
Три екипи ќе се борат за првите две места во Ц групата, додека во групата Д неизвесно е кој ќе биде прв, а кој втор, додека Андерлехт обезбеди трета позиција и учество во Еврокупот.
Резултати на синоќешните натпревари од 5.коло во Лигата на шампионите и табели во групите А, Б, Ц и Д:
А група: Атлетико Мадрид – Олимпијакос 4:0 и Малме – Јувентус 0:2.
Табела: Атлетико Мадрид 12 бодови, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3.
Б група: Базел – Реал Мадрид 0:1 и Лудогорец – Ливерпул 2:2.
Табела: Реал Мадрид 15, Базел 6, Ливерпул 4, Лудогорец 4.
Ц група: Зенит – Бенфика 1:0 и Баер Леверкузен – Монако 0:1.
Табела: Баер 9, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4.
Д група: Арсенал – Борусија Дортмунд 2:0 и Андерлехт – Галатасарај 2:0.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1.