Од 1. јануари во Хрватска ќе се отпишуваат долговите на социјално загрозените граѓани

Од:

Хрватскиот министер за финансии Борис Лаловац најави дека од 1 јануари 2015 година ќе почне отпис на долговите на социјално загрозените граѓани и ќе се воведе забрана за иселување од домовите поради неплатени сметки.

Тој наведе дека мерките ќе важат за граѓаните кои немаат имот и чии сметки се блокирани повеќе години, не се вработени и живеат од социјална помош.

Лаловац посочи дека државата и државните компании се договориле да отпишуваат долгови до 25.000 куни (3.265 евра), а банките и телекомуникациските компании до 10.000 куни (1.306 евра).

Нема точни податоци колкав е бројот на лицата кои ќе бидат опфатени со мерките, но се претпоставува дека се околу 60.000.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик