Премиерлигашот Ливерпул вечерва гостува во Софија кај шампионот на Бугарија Лудогорец. Единствено победата е опција за петкратниот европски шампион да ги задржи шансите за пласман во нок- аут фазата.
Другите резултати ќе ја продлабочат кризата на тимот од „Енфилд“.
Внимание привлекува и дуелот меѓу Арсенал и Борусија Дортмунд, како и гостувањето на Јувентус кај Малме, бидејќи на „старата дама“ потребна и е победа за да ги задржи шансите за осминафиналето.
Двојки за денешните натпревари од 5. коло во Лигата на шампиони:
А група: Атлетико Мадрид – Олимпијакос и Малме – Јувентус.
Табела: Атлетико Мадрид 9, Олимпијакос 6, Јувентус 6, Малме 3.
Б група: Базел – Реал Мадрид и Лудогорец – Ливерпул.
Табела: Реал Мадрид 12 бода, Базел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3.
Ц група: Зенит – Бенфика и Баер – Монако.
Табела: Баер 9, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4.
Д група: Арсенал – Борусија Д. и Андерлехт – Галатасарај.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1.
Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, со исклучок на дуелот Зенит – Бенфика, кој почнува во 18 часот.