ФОТО: Скопје – парада на скулптури и кич

Од:

Помеѓу многуте патеписи за разни места во светот, на zemljanarhitektura.com се најде и патепис за Скопје под наслов „Скопје-парада на скулптури и кич“.

Интегрално го пренесуваме впечатокот на екипата што го посети Скопје и нивните импресии од тоа што го забележале.
19 makedonija new skopje kameni mostХостелот „Shanti” лесно го пронајдовме…ги оставивме работите и тргнавме да го видиме тоа ново Скопје и егзибициите за кои се зборува…07 makedonija skopje shanti hostelИ за жал, беше полошо од тоа што можевме да го замислиме…не знам како изгледал некогаш градот, но сега не личи на ништо..всушност, да бидам искрена, мене ми се чини како некој архитект да му дал на своето дете да игра со играчки во облици на згради (кинески) и детето од тоа направило…13 makedonija new skopjeА кога се препуштило на фанатазијата, ги поставило и другите играчки, оловните војници, каубојци, индијанци и се што му дошло при рака..и се направил градот… 15 makedonija new skopjeШок до шок, кич до кич, мост до мост… скулптура до скулптура-сосема непропорционални, излегуваат на секој чекор..од грчката митологија, македонската, и кој знае чија уште…16 makedonija new skopjeВо сиот тој кич, барем нешто убаво-една словенска божица…17 makedonija new skopjeИ еден од ретките преживеани споменици-Камениот мост. Според една верзија изграден во 6 век во времето на Јустинијан први, според другита верзија, за време на Мехмед Втори освојувачот во 15 век.
18 makedonija new skopje kameni mostИ потоа враќање во денешницата и најголемиот (ужас)- Александар! А околу него лавови од кои излегува вода, водоскоци и розеви сијалици кои се палат и гасат. Како луна парк, како евтина шега..20 makedonija new skopje uzas zvani aleksandar21 makedonija new skopje uzas zvani aleksandarСамо што помисливме дека видовме се, оддеднаш нова парада на великани…22 makedonija new skopje parada pijanstva i kicaОф, еве малку сецесија, да се рехабилитирам…23 makedonija new skopje secesija lek za dusuИ една убава модерна за која се надевам дека нема да биде уништена во налетот на лудилото…
24 makedonija new skopje lepotaУште една од вкупно двете скулптури кои ни се допаднаа…26 makedonija new skopje skulpturaИ убава зграда…30 makedonija skopje posleratna lepoticaСамо што помисливме дека нема повеќе – се појави Филип! Повторно во друштво на најпознатото домашно животно – лавот, со задолжителните светла, водоскоци…
37 makedonija new skopje filipДодека пред нас танцува лажна опера и смешни скулптури..
35 makedonija new skopje parada pijanstva i kicaА еве го и рецептот-оголуваат стара зграда и ја облекуваат во ново (царското) руво, од гипс и стиропор, како што дознаваме од сигурни извори…Толку е страшно што некои луѓе го напуштија градот, а остатокот од нормалните го избегнуваат овој дел од градот..37 makedonija new skopje stvarna slikaЕдинствениот стар дел (старата скопска чаршија) ја откривме ноќе, а потоа и преку ден. Тоа е најголемата чаршија на Балканот, ако не се рачуна Истанбул. Трговскиот центар од 12 век, во турско време имало 30 џамии, бројни палати и пансиони. Чаршијата претрпела големи штети во земјотресот во 1555 година, во пожарот во 1689 година, двете светски војни, по што неколкупати е реновирана. Големи штети претпрпела и за време на земјотресот во 1963 година.
48 makedonija skopje carsija46 makedonija skopje carsijaИако чаршијата во добар дел е изменета, сепак во неа се чувствува тој дух, тесни улици, продавници, се и сешто…
40 makedonija skopje carsija41 makedonija skopje carsija44 makedonija skopje carsijaЦрквата Свети Спас изградена е во средината на 16 век, врз темелите на старата, а карактеристична е по тоа што е вкопана до пола во земја, бидејќи отоманската власт не дозволувала црквите да бидат повисоки од џамииите. Тука се наоѓаат и моштите на револуционерот Гоце Делчев…57 makedonija skopje carsija crkva svetog spasa

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски