Армијата на Мјанмар уби 23 и рани најмалку 20 кадети во бунтовнички тренинг центар на племето Качин

Од:

Командата на армијата на Мјанмар денеска потврди дека во артилериски напад на војската врз тренинг центар на бунтовничката армија на племето Качин биле убиени 23, а ранети најмалку 20 кадети на Армијата за независност на Качин – КИА. Арилерискиот напад на тренинг центарот бил изведен минатата среда, а ова е прва официјална потврда на настанот.

Армијата на племето Качин веќе 50 години се бори за автономија на провинцијата што се наоѓа на границата на Мјанмар со Кина. Ова е прв сериозен инцидент по потпишување на договорот за прекин на вооружените борби, постигнат во 2.011 година

Командата на КИА тврди дека нападот е извршен за да се натераат племенските лидери да ги омекнат своите ставови за добивање широка автономија, што властите на Мјанмар, сеуште под голема армиска контрола, не ја прифаќаат. Централните власти во Мјанмар, еднаш месечно, од мај наваму оддржуваат состаноци за договор за траен прекин на племенски бунтови во повеќе провинции, но до сега не е постигнат договор кој ќе ги задоволува сите страни.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска