Групата Исламска држава само во текот на оваа година од откупи земала меѓу 35 и 45 милиони долари, изјави експертот на ОН Јоцна Лалџи, која ги набљудува санкциите против Ал Каеда, цитирана од американските медиуми.
Меѓу 2004 и 2012 година на теросристички групи за откупи им биле исплатени приближно 120 милиони долари, посочи вчера Лалџи на средбата на Контратерористичката комисија на ОН, посветена на грабнувањата заради откупи извршувани од терористи.
Таа истакна дека во текот на последните години Ал Каеда и нејзините сојузници киднапирњата ги претвориле во „срцевина на тактиката на Ал Каеда за стекнување со приходи“.
Лалџи прецизира дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров во периодот меѓу 2011 и 2013 година од откупи добила 20 милиони долари, а Ал Каеда во Исламски Магреб во последните четири години добила уште 75 милиони долари.