Легендарниот рели возач Себастијан Леб одново ќе се активира.
Како што пренесуваат францускиот медиуми, деветкратниот светски шампион во рели Леб, кој во 2012 година ја заврши својата богата кариера во овој спорт, ќе се активира за првата трка во новата сезона, предвидена за јануари 2015, односно познатото рели Монте Карло.
Французинот, кој на споменатата трка има остварено седум победи, ќе седне зад воланот на Цитроен.
Сепак, медиумите во Франција откриваат дека Леб најверојатно нема да продолжи до крајот на сезоната, туку тој ќе се фокусира на кариера во Светскиот шампионат на туринг автомобили WTCC.