Невработеноста во Хрватска во месец октомрви достигна 18,7 проценти

Од:

Невработеноста во Хрватска во месец октомври достигна 18,7 проценти, откако втор месец по ред бележи раст, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Невработеноста во Хрватска кон крајот на месец септември изнесуваше 17,7 проценти.

Во агенцијата за вработување во моментот се регистрирани над 311 илјади луѓе, додека кон крајот на октомври нивниот број е околу 306 илјади, што покажува забрзано зголемување на невработеноста по крајот на туристичката сезона.

Порталот „Индекс“ наведува дека реалниот број на невработени е многу поголем, бидејќи голем дел од нив не се регистрирани.

Агенцијата за вработување минатата година потрошила рекордни 522 милиони куни, односно 68 милиони евра за стимулирање на вработеноста, додека годинава за таа цел се предвидени околу 10 милиони помалку.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик