(ВИДЕО) СДСМ: Власта целосно да се откаже од екстерното тестирање за студентите

Од:

„На Никола Груевски не му се допаѓа да ги гледа студентите на улица. Не му се допаѓа големата река студенти која отворено и се спротивстави на власта борејќи се за своите права. Студентите знаат дека оваа власт дебата не дозволува.

Затоа, побараа никој да не им го попречува уставното право на образование, да студираат на универзитет каде ќе се почитува автономијата и да бидат оценувани според критериуми кои веќе со години се пракса во високото образование“, рече на денешната прес-конференција, Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука, СДСМ.

„Што овде не е јасно за власта?

Студентите сакаат да ги сменат работите на подобро и веруваат дека ќе го направат тоа.

Тие сакаат да бидат слушнати и сакаат да бидат вклучени.

Владата е таа која не сака ниту да ги слушне, ниту да ги вклучи.

После вчерашната изјава на Никола Груевски едно е јасно. Владата се повлекува од првобитната идеја за екстерното тестирање. Но, не целосно!

Сега сака да го започне од 2018 година.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е против екстерното тестирање. Ние укажувавме и на лошите последици, но власта остана глува.

Власта мора да научи дека професорите се тие кои оценуваат, а не Владата.

Професорите се тие, кои имаат обврска да ги мотивираат младите генерации да учат, да стекнат знаење и со тоа знаење да го менуваат светот и својата улога во него, а не Владата“, вели Атанасов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски