Уште два милиони евра помош од ГИЗ за заштита на езерата од Дримскиот басен

Од:

Во албанскиот главен град Тирана, се одржува планирачка работна средба на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), посветена на зафатите од втората фаза на проектот за заштита на езерата во Дримскиот басен – Охридското, Преспанското и Скадарското.

Претставникот на Република Македонија, Дејан Паноски, од билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при Министерството за животна средина и просторно планирање, во изјава за новинската агенција „Мета“ посочи дека целта на средбата е да се идентификуваат проектни активности во функција на зголемена заштита, мониторингот и транс-граничната соработка.

– Отворањето на дримскиот проект и на биосферниот резерват отвори и врата за нови инвестиции во заштитата на вредностите на Охридско Езеро и на другите езера во басенот. Планираме активности и проекти да ја засилиме интернационалната заштита на водните ресурси и вредностите околу нив – вели Пановски.

ГИЗ и за втората фаза одвојува средства околу два милиони евра за спроведување нови активности кои ќе поддржат функционирање на прекуграничните тела, ќе го зајакнат мониторингот врз биодиверзитетот на езерата со помагање на научните институции и ќе ја подигнат важноста за заштита на вредностите.

Пред три дена во Скопје беа претставени клучните наоди од иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанско, Охридско и Скадарско Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ. Извештајот е работен две години во рамки на проектот на ГИЗ, за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на трите езера.

– Наодот е дека водата во Охридско Езеро е на задоволително ниво, што ви даде право на собирот да констатирате дека сме во добра позиција да се обезбеди долгорочна стабилност – додава Паноски во изјава за новинската агенција „Мета“.

Би можело да ве интересира

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени