Заверка на потврдите за ортопедски помагала и во истурените шалтери на ФЗОМ

Од:

Заверката на потврдите за ортопедски помагала освен во Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Центар, осигурениците од денеска ќе може да ја вршат и во сите истурени шалтери на Фондот во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Драчево, Чаир, Шуто Оризари, како и на шалтерот во општина Илинден. Истурените шалтери работат секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Ова денеска го изјави раководителот на Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, Зоран Печевски, кој рече дека освен за ортопедските помагала кои треба првпат да поминат на лекарска комисија, за сите други ортопедски помагала заверките на потврдите ќе може да се вршат во наведените истурени канцеларии.

Ортопедските помагала за кои е потребно мислење од лекарската комисија се инвалидски колички, протези, одредени ортози, колостоми, илеостом, уростоми, поправки на помагалата…

Посочи дека потврдите се заверуваат еднаш месечно зависно за кое ортопедско помагало станува збор.

– За пелените кои се најкористено ортопедско помагало заверката се врши еднаш месечно, а на лекарска комисија поминуваат еднаш годишно. Бројот на корисници на ортопедски помагала изнесува 7.000 до 8.000, рече Печевски одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем