Анима Мунди: Се стрела по Прилеп! – дивјачки лов на чавки

Од:

„Најостро реагираме за веста која стигна до нас за акција за „чистење на чавките“ од Прилеп.

Шокирани сме за дивјаштвото кое дознавме преку локален портал кој информира дека во тек на вчерашниот ден се убиени голем број птици и бараме итно да се запре ова крвопролитие врз интелигентни, социјализирани и мирни битија (а не агресивни птици како што наведува порталот) кое ќе остави крвава дамка на репутацијата на градот . Инсистираме на итни санкции за сторителите и казни затоа што истите не само што масакрирале птици, туку ја загрозиле безбедноста на жителите на Прилеп! Куршумот не бира кого убива!

Ова не е примитивно општество туку 21 век. Ваков чин секаде во Европа би бил најстрого осуден. Ваквите чистки се срам за градот, срам за државата и мора да запрат!

Чавката не е (цитираме) „ птица која навестува зло, штета, елементарна непогода, смрт.“ туку живо битие кое е неопходно во природниот еко систем, интелигентна и урбана птица која оформува силни социјални врски во своето семејство, а не кобник!

Бараме итно градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески јавно да се огради и го осуди ваквиот чин, како и да се казнат сите сторители, кои убивале животни и ја загрозиле јавната безбедност.

Бараме и од Агенцијата за храна и ветеринарство, Секторот за заштита на животните, пред се Директорот на Агенцијата, г-н Зоран Поповски да се превземат сите активности да се дознаат учесниците, сторителите, оние кои ја осмислиле оваа монструозна акција и истите да бидат најстрого казнети согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

Се обраќаме и до Министерството за внатрешни работи, Министерката г-а Гордана Јанкуловска со барање да се покрене кривична постапка за сторителите бидејќи истите го прекршиле Кривичниот Законик и предизвикале јавна опасност“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски