Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Од:

Голем дефект на водоводниот цевковод на улицата Леце Котески денеска ги поплави дворот и дел од објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Прилеп. Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од раните утрински часови работат на лоцирање и отстранување на дефектот.

Поплавувањето започнало околу 5:30 часот, а според првичните информации најверојатно станува збор за дефект на водоводниот цевковод Ф-300 кој минува под улицата Леце Котески.

-Според нашите првични информации, најверојатно станува збор за цевководот 300-тка на потегот на улицата Леце Котески. Но, сè до целосното отворање на улицата не можеме со сигурност да кажеме за каков дефект станува збор- изјави Катерина Димеска од ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Водата од дворот и од дел од објектите на противпожарната единица се испумпува со специјални пумпи. Надлежните информираат дека засега нема материјална штета на противпожарните возила и опремата, иако водата стигнала до гаражите.

Инспекторот за заштита и спасување во ДЗС, Јован Аврамоски, посочи дека пумпата што се користи има капацитет да испумпува до 1.800 литри вода во минута, додека според проценките од дефектот истекуваат околу 1.500 литри во минута.

-Очекуваме постепено да се намали нивото на водата за да можеме да го лоцираме дефектот. Дополнителен предизвик претставуваат електричните кабли на ЕВН кои се наоѓаат во непосредна близина на цевководот, па работата се изведува со зголемена претпазливост- изјави Аврамоски.

На терен беше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој упати апел за трпение до жителите од околните населби што останаа без вода.

-Упатувам апел за разбирање до граѓаните кои живеат во населбите близу до објектите на територијалната противпожарна единица. Штом ќе биде отстранет дефектот, ќе добијат нормално водоснабдување. Активно се работи на отстранувањето на дефектот- рече Проданоски.

Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Дирекцијата за заштита и спасување најавуваат дека, доколку биде потребно, ќе работат и во текот на ноќта сè до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на состојбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски