Колумбиската Влада и бунтовничката група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) постигнале договор за ослободување на генералот, чие киднапирање ги загрози мировните преговори кои се водат две години.
По киднапирањето во неделата на генералот Рубен Дарио Алсате и уште две лица, колумбиската Влада ги прекина преговорите, кои имаат за цел да се реши 50-годишниот конфликт.
Земјите, кои ги помагаат преговорите, денеска соопштија дека е постигнат договор за ослободување на генералот и уште четворица киднапирани, но детали не се соопштени.
Во заедничката изјава на Куба, Норвешка, Венецуела и Чиле се наведува дека генералот Алсате и други четири лица ќе бидат ослободени што е можно побрзо.