Од утре заладување и дожд

Од:

Обилни врнежи од дожд, заладување и пад на температурите за четири до шест степени, најавуваат метеролозите.

Од УХМР посочуваат дека денеска во доцните попладневни часови постепено подрачјето на земјава ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад. Преку ноќта ќе има обилни врнежи од дожд, особено во западните делови на Македонија. Врнежите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, кога повторно на повеќе места ќе бидат пообилни. Во источните делови ќе има локална појава на интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен северен ветер, кој во четврток и петок повремено ќе се засилува.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, но посвежо. Утринската температура за време на викендот ќе биде во интервал од минус три до четири степени. Максималната темпертура во четврток ќе се движи од 7 до 14 степени, во петок од 6 до 12, во сабота од 8 до 14, во недела од 8 до 13 степени, во понеделник од 5 до 10 степени. Негативни утрински температури не очекуваат од сабота. Од минус два во сабота, минус три во недела и минус два во понеделник

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски