СДСМ: Прилепската болница не негира дека нема греење во породилните сали!

Од:

„Прилепската болница не негира дека нема греење во операциските сали!

Прилепската болница не негира дека нема греење во породилните сали!

Не негираат ни дека пациентите лежат во студени болнички соби без топла вода!

Прилепската болница не негира ни дека сметката на болницата е блокирана поради тоа што е потоната во долгови!

Министерот за здравство наместо да го пушта раководството на Прилепската болница да се правда колку реновирале, треба веднаш да излезе и да каже што ќе преземе за катастрофалните услови во Прилепската болница.

Во спротивно, Никола Тодоров ќе носи одговорност за непосакуваните последици врз здравјето на граѓаните“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на Прилепската болница на пресот на Хари Локвенец, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ