Повеќе од половина милион јужнокорејски средношколци денеска полагаа примен испит за колеџ, кој опфаќа проверка на знаење од корејски и англиски јазик, математика и општествени и природни науки.
Испитот е проследен со единствени мерки чија цел е да се овозможи одржување на испитот навреме и во тишина. За да се одржи испитот во тишина, сообраќајот е запрен во радиус од 200 метри од 1.216-те испитни центри во државата.
Државната управа работеше еден час подолго поради подобра организација на испитот. Подземната железница воведе вонредни линии, а полицијата нудеше превоз за кандидатите кои доцнеле на испит.
Попладнето, за време на испитот по англиски јазик кој траеше 40 минути, беше забрането слетување и полетување на авиони за да не бидат вознемирени кандидатите поради бучавата.