Електронски прашалник за климатски промани

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање и програмата за развој на Обединетите нации организираат електронско испитување на јавното мислење во рамките на проектот „Прв двогодишен ревидиран извештај за климатски промени“.

Граѓаните ќе може да одговорат на прашалникот поставен на веб страницата http://unfccc.org.mk/Default.aspx?LCID=289.

Истражувањето, како што соопшти ресорното Министерство, ќе помогне да се согледа перцепцијата и ставовите на јавноста кон климатските промени и да се разбере колку јавноста е информирана за ова прашање. Насочено е кон граѓаните и државните институции, но ќе се добијат и пошироки сознанија за меѓусебната информираност на локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и меѓународните институции.

– Резултатите од истражувањето ќе ни помогнат подобро да ги осмислиме и да ги комуницираме идните активности поврзани со климатските промени, со крајна цел да се подобрат политиките за климатските промени во државата, соопшти Министерството за животна средина.

Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.klimatskipromeni.mk/.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски