Мистериозни тајни на заборавените цивилизации

Од:

Праисторијата буквално значи време пред да сме имале писмена евиденција (од прилика 400 години пред Исус), а древната историја е време од првата пишувана историја. Нашиот концепт за древната историја е цврсто одреден според Библијата. Гледано од ставот на читателите, историските факти за некои култури се искривени, занемарени или дури и заборавени.

Постоењето на необјаснивите споменици и археолошките наоди покажуваат дека порано постоеле заборавени и многу напредни цивилизации во што многу археолози веруваат во тоа. Многу древни записи трајно се изгубени во текот на уништувањето на големите библиотеки и општо низ историјата, а следните мистерии се единствени потсетници за нивното постоење, пишува Punkufer.hr.

Пума Пунку

Пума Пунку е една од четири конструкции во древниот град на Инките Тиванака во Јужна Америка. Се верува дека конструкциите се постари од самите пирамиди, од прилика 15.000 години. Дури ни Инките не знаеле за нивната историја. Масивните блокови немаат на себе траги на сечење, а толку се прецизно изработени што меѓу нив не може да има ни влакно. Очигледно градителите имале многу софистициран алат. За системот на наводнување, канализацијата и водоводот не треба ни да се зборува.

Балбечка мистерија

Археолошкото наоѓалиште Баалбек во Либан има некои од најважните добро зачувани римски рушевини на денешницата. Храмовите се градени од монолит од кои некои тежат и до 1200 тони, а како овие камења се донесени до ова место и од кој каменолом се вадени, останува нерешена мистерија.

Висорамнината Гиза

Многу книги се напишани за древниот Египет. Така сега знаеме дека изградбата на Големата пирамида била толку точна и несватлива што веројатно никогаш не била наменета за гробница. Исто така докажано е дека до ерозија на Сфингите дошло пред ова подрачје да стане пустина, пред 9.000 години, со тоа дека некои веруваат дека Сфингата може да биде многу постара од тоа. А египетската цивилизација каква што ја познаваме денес, не постоела пред толку години. Значи, тешко може да се објасни…

Гоблеки Тепе

Овој локалитет датира од крајот на леденото време, а неодамна е откриен комплекс на храмови во југоисточна Турција. Чиниите, писмата, тркалата и металургијата само се дел од она што е најдено во овој храм. Нивната изградба подразбирала високо ниво на софистицираност и сложеност, која до сега не била поврзувана со цивилизацијата на палеолитот. Локалитетот се состои од вкупно 200 округли објекти, а фасцинантно е токму тоа како првите цивилизации во тоа време и со такво оружје и знаење можеле да изградат нешто толку величествено.

Дневни аваз – Сараево

 

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ