Според ракопис стар 1500 години, откриен во британска библиотека, Марија Магдалена била сопруга на Исус и тие имале две деца, пренесуваат британските медиуми.
Според наводите таканареченото „Изгубено евангелие“, кое што е преведено од арамејски јазик, наводно открива изненадувачки детали.
Професот Бари Вилсон и писателот Симч Јакобович со месеци работеле на превод на текстот во кој според нив се тврди дека Исус имал две деца и дека негова сопруга била Марија Магдалена.
Многумина експерти го намалувале историското значење на женската библиска фигура, но според преведувачите на оваа евангелие нејзиното значење е многу поголемо, отколку што се мислело порано.
Инаку „Изгубеното евангелие“ не е прво во кое се тврди дека Исус бил оженет со Марија Магдалена. Тоа го тврдел и Никос Казантзакис во 1953 година во книгата „Последното Христово искушение“ и Дан Браун во „Кодот на Да Винчи“. Во среда е најавено дека ќе бидат објавени и имињата на децата на Исус.
Е. Г.