Иџе – прва ѕвезда на вечерта во Тулвиц

Од:

Синоќа во Тулвиц, Австрија беше одржана гала – свеченоста на доделувањето на наградите за најсупешните на ридско – брзинските натпревари на европско тло кои се во организација на Светската автомобилистичка асоцијација – ФИА. На настанот главна ѕвезда беше нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе кој го доби драгоцениот пехар како Европски шампион на ридски патеки во категоријата 1 откако триумфално го заврши својот пат до најголемиот успех во кариерата и во македонскиот автоспорт воопшто победувајќи на 8 од 12-те трки од шампионатот.

Иџе ги доби почестите и честитките од сите присутни, а дури и официјалниот преставник на ФИА во поздравниот говор за присутните го оцени нашиот возач како еден од најголемите таленти што се појавил во последниве години и дека е вистинско освежување на европските ридски патеки.

– Пресреќен сум и презадоволен од целиот престој и манифестацијата во Австрија. Од пречекот до самиот настан не третираа како вистински ѕвезди. Врвот беше кога ми го доделија трофејот и во тој момент ја пуштија македонската химна, а позади на бината се вееше големо македонско знаме. Потоа, во неформалниот дел од вечерта, сите присутни ми честитаа, од претставниците на ФИА, моите конкуренти од патеката како и организаторите на сите трки од европскиот шампионат истакнувајќи дека од сите нив имам специјална покана за учество за идната сезона и дека ќе им биде посебна чест ако и догодина учествувам во ова натпреварување – изјави Иџе.

– Насекаде во сите плакати, официјални програми, банери и флаери за манифестацијата главна беше сликата од моето возило, па дури и официјалните возила кои ги превезуваа гостите од хотелот до салата за прогласување беа брендирани со сликите од моето возило и од болидот на Симоне Фаџиоли како шампион во категорија 2 – додаде Стефановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна