Телохранителот на Ким Џонг Ил: Не учеа дека тој е Господ

Од:

Кршење тули со глава, сијалица со еден прст или пак мермерни плочки со гради, се потребните квалификации кои треба да ги има обезбедувањето на елитниот врв на Северна Кореја. Ли Јанг Гук кој цели десет години бил телохранител на поранешниот лидер Ким Џонг Ил, вели дека поминал низ речиси ист тренинг пред да биде дел од луѓето кои го штителе Џонг Ил.

-Тоа е многу тежок тренинг, на кој си принуден за да ја докажеш лојалноста. Таеквондото не служи за ништо освен за јакнење на духот, но создава и приврзаност- вели Ли.

Во интервју за „CNN“ тој тврди дека го обучувале да мисли дека Ким Џонг Ил е Господ и дека тој е роден поради таа едниствена причина, односно да му служи на „Саканиот лидер“, кој како што вели тој имал „две лица“. Според неговите зборови во моменти кога лидерот бил среќен се случувало да им дели и злато, а во спротивно често знаел и да им пресуди со смртни казни.

– Доста често неговите советници на возраст од 60 или 70 години се фрлаа во грмушките, за да се сокријат од него. Стравуваа бидејќи и кога беше добро расположен, знаеше да биде безобрзен и да им ги пресече главите- раскажува некогашниот телохранител на поранешниот северникорејски лидер.

Тој се сеќава на еден стар службеник кој еднаш се послужил со пепеларата на Ким и кој поради тоа завршил во концентрационен логор каде што починал. Ли вели дека знаел дека севернокорејскиот лидер е немилосрден и додека го служел, но вели дека Ким Џонг Ун е полош од своите предци од татко му и дедото.

-Ким Џонг Ун го уби својот вујко, додека Ким Џонг Ил никогаш не би го направил тоа. Ким Џонг Ун создаде лојалност, но таа е лажна и се базира на страв- вели Ли, кој во 1994 година е фатен во бегство и испратен во бруталниот политички камп Јудок, каде што биле принудени да јадат трева и земја.

Од логорот успеал да побегне и сега е еден од 25.000 бегалци кои Јужна Кореја ја нарекуваат своја татковина. Моментално работи како фармер, пишува книга за својот живот на север, односно ги раскажува своите искуства од другата страна на границата.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња