Време: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрвo во западните и јужните делови, а во вечерните часови ќе се прошират и во останатите делови.

Врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во јужните подрачја. Ќе дува умeрен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 часови.

Врнежи од дожд се уште ќе има и во сабота претпладне, особено во јужните делови, додека во текот на денот ќе настапи постепено разведрување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски