Со победите остварени синоќа во рамките на 4.коло екипите на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Барселона и Порто на две рунди пред крајот на групната фаза обезбедија пласман во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.
Успешен настап синоќа имаше и македонскиот репрезентативец Агим Ибраими кој го постигна деби голот во елитното натпреварување и му донесе бод на својот Марибор во натпреварот со големиот фаворит Челзи.
За разлика од Челзи кој речиси е во следната рунда, шампионот на Англија, екипата на Манчестер Сити по поразот на домашен терен од ЦСКА Москва, значително си ги намали шансите за освојување на второто место во групата.
Резултати на натпревари од 4.коло и табели во групите Е, Ф, Г и Х:
Е група: Баерн – Рома 2:0, Манчестер Сити – ЦСКА Москва 1:2.
Табела: Баерн 12 бодови, Рома 4, ЦСКА Москва 4, Манчестер Сити 2.
Ф група: ПСЖ – АПОЕЛ 1:0, Ајакс – Барселона 0:2.
Табела: ПСЖ 10, Барселона 9, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.
Г група : Марибор – Челзи 1:1, Спортинг – Шалке 4:2.
Табела: Челзи 8, Шалке 5, Спортинг 4, Марибор 3.
Х група: Атлетик Билбао – Порто 0:2, Шахтјор – БАТЕ Борисов 5:0.
Табела: Порто 10, Шахтјор 8, БАТЕ Борисов 3, Атлетик Билбао 1.