Утре дебата „Граѓаните наспроти санкциите и празните буџетските каси“

Од:

Утре, (6 ноември) , со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, Фондацијата Отворено општество – Македонија организира дебата на тема „Граѓаните наспроти санкциите и празните буџетските каси“.

Дебатата ќе го отвори прашањето за презастапените казни кои му се закануваат на македонскиот граѓанин и на деловниот сектор. Речиси и да не постои сфера од секојдневието за која не е предвиден прекршок. Висината на прекршоците се движи од 50 евра па сè до неколку илјади евра. Сметките на граѓаните и на деловниот сектор се празнат, а државниот буџет се полни.

За тенденциите на казните и последиците од хиперрегулацијата ќе говорат проф. д-р Мирјана Најчевска, проф. д-р Ванчо Узунов и м-р Ана Блажева.

Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Гордана Бужаровска Лажетиќ.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски