Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер беше крајно разочаран и бесен откако неговите фудбалери синоќа испуштија победа на домашен терен против Андерлехт и одиграа само 3:3 иако водеа со 3:0.
– Многу сум разочаран и бесен од крајниот резултат. Играчите предвреме се израдувавме и мислеа дека работата е завршена. Јас не мислев така затоа што одбраната ни беше катастрофа од почетокот до крајот на мечот. Се случуваа лоши реакции, невнимателни стартови, несфатливи грешки. За да бидеме први во групата мора да го добиеме следниот дуел, иако и бод најверојатно не носи во осминафиналето, изјави Венгер.
Арсенал по 4. коло во Лигата на шампионите, во Д групта заостанува пет бода зад лидерот Борусија Дортмунд, но има пет повеќе во однос на трето пласираниот Андерлехт.